Демант на АД ФК Вардар за Спахиу
- АД ФК Вардар ја демантира неточната вест пласирана низ спортски портали, а преземена од неофицијални фејсбук фан страници. Имено, фудбалерот Едиз Спахиу сè уште нема потпишано договор со нашиот клуб, иако преговорите траат. Тој е во потрага по ангажман во странство, соопштија од АД ФК Вардар.

Скопје, 2 јануари 2025 (МИА) - АД ФК Вардар ја демантира неточната вест пласирана низ спортски портали, а преземена од неофицијални фејсбук фан страници. Имено, фудбалерот Едиз Спахиу сè уште нема потпишано договор со нашиот клуб, иако преговорите траат. Тој е во потрага по ангажман во странство, соопштија од АД ФК Вардар.
Клаузулите во неговите документи даваат простор да си најде трансфер заклучно со 20-ти јануари оваа година.
Дали потоа ќе најде заеднички јазик со ФК Вардар, е работа за која фудбалската јавност навремено ќе биде информирана преку оваа веб страна, официјалното гласило на ФК Вардар АД, се додава во демантот. дс
Фото: АД ФК Вардар