Дел од Тафталиџе денеска без вода
- Поради изведување приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Осло“ број. 29 во скопската населба Тафталиџе, денеска од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа

Скопје, 10 април 2022 (МИА) - Поради изведување приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Осло“ број. 29 во скопската населба Тафталиџе, денеска од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улицата „Бањалучка“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот на водоснабдувањето ќе трае од 09:00 часот, па до завршувањето на работите. вј/сп/