Дел од општина Карпош без вода
- Без вода денеска од 14:30 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Кленоец“, „Пресека“ и „Владимир Каваев“ во општина Карпош.
Скопје, 12 август 2025 (МИА) - Без вода денеска од 14:30 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Кленоец“, „Пресека“ и „Владимир Каваев“ во општина Карпош.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на огрлица на улица „Кленоец“ без број.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирање на дефектот. мд/дма/
Фото: МИА архива