Дел од населбата Водно и селата Батинци и Љубош без вода
- Прекин во водоснабдување денеска од 8 часот ќе имаат корисниците од селата Батинци и Љубош во Општина Студеничани.
![Дел од населбата Водно и селата Батинци и Љубош без вода](https://mia.mk/index.php/images/20221114010014_big_730x400_63.webp )
Скјопје, 19 октомври 2022 (МИА) - Прекин во водоснабдување денеска од 8 часот ќе имаат корисниците од селата Батинци и Љубош во Општина Студеничани.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од ф-200 милиметри во непосредна близина на пумпната станица во Драчево.
Исто така, утре од 9 часот прекин во водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Периша Савелиќ“ и „Тодор Александров“, Општина Центар.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата. фф/сп/