Дел од населбата Водно без вода
- Без вода денеска од 9:10 часот се дел од корисниците лоцирани на дел од улицата „Периша Савелиќ“.

Скопје, 8 март 2024 (МИА) - Без вода денеска од 9:10 часот се дел од корисниците лоцирани на дел од улицата „Периша Савелиќ“.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улица „Тодор Александров“ 32 во населба Водно.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. мд/са/
Фото: МИА архива