• сабота, 14 февруари 2026

Делегација од Амбасадата на Грција во официјална посета на Кочани

Делегација од Амбасадата на Грција во официјална посета на Кочани

Кочани, 13 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска прими делегација од Амбасадата на Грција во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа амбасадорката Софија Филипиду и заменик-амбасадорката Кристина Василату. 

Како што информира Општина Кочани, на средбата се разговарало за актуелната состојба во Кочани, со посебен акцент на последиците од трагичниот настан во „Пулс“.

Амбасадорката Филипиду го информирала градоначалникот Грозданов за досегашната поддршка од Грција на Кочани по трагедијата, како и за активностите поврзани со психолошко-социјалната поддршка на ранливите групи погодени од несреќата.

Во рамки на посетата, со познати уметници од Грција, денеска се одржуваат арт-работилници во просториите на ОМУ „Ристо Јуруков“ во Кочани, како дел од активностите насочени кон поддршка, заздравување и културна размена.

- Градоначалникот Грозданов изрази благодарност за солидарноста и континуираната поддршка од Република Грција, нагласувајќи ја важноста на меѓународната соработка во процесот на закрепнување на локалната заедница, се нагласува во соопштението од локалната самоуправа. ис/мд/

фото: Општина Кочани

 

Остани поврзан