Делегација на СДСМ оддаде почит на борците од НОБ на Партизанските гробишта во Бутел
- По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, денеска партиската делегација на СДСМ оддаде почит на загинатите борци во Народно-ослободителна борба и положи свежи цвеќе во Меморијалниот комплекс Партизански гробишта во Бутел.

Скопје, 11 октомври 2024 (МИА) - По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, денеска партиската делегација на СДСМ оддаде почит на загинатите борци во Народно-ослободителна борба и положи свежи цвеќе во Меморијалниот комплекс Партизански гробишта во Бутел.
Како што соопштија од СДСМ, цвеќе положи партиската делегација во состав на Сања Лукаревска, Саша Димитријевиќ и Наталија Спировска.бт/аа/
Фото: СДСМ