• недела, 25 август 2024

Делегација на МАЕИ му оддаде почит на Гоце

Делегација на МАЕИ му оддаде почит на Гоце
Дебар, 4 февруари 2023 (МИА) - Делегација на единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ се поклони пред гробот на македонскиот апостол Гоце Делчев во црквата „Свети Спас" во Скопје.
 
- Оддадовме почит пред неговото вечно почивалиште, во чест на 151- та годишнина од неговото раѓање. Вечна слава на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, напиша во објава на Фејсбук Васил Стерјовски, претседател на партијата.
 
Заедно со Стерјовски во делегацијата биле и Таќо Гроздани и Јани Колевски.вт/свс

Остани поврзан