• среда, 25 декември 2024

Девет лица од Куба спречени при обид нелегално да преминат граница

Девет лица од Куба спречени при обид нелегално да преминат граница
Скопје, 6 јуни 2022 (МИА) –  Кај Граничниот камен 59 на државната граница со Република Грција, вчера околу 03 часот биле лишени од слобода М.М.Ј.(37), Р.Ј.Л.Д.Л.К.(24), М.Р.А.(31), М.К.Ј.А.(29), Ч.Л.Е.(28), К.Ч..Л.(39), О.М.М.(43), Г.Д.Ј.Р.(33) и М.Р.А.(43), сите од Куба. Лицата се обидувале нелегално да ја преминат државната граница од нашата држава со Република Грција, надвор од граничен премин.  -Од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за гранични работи Југ“ известен е судија од Основниот Суд во Гевгелија, од чија страна им е изречена парична казна и издадени им се решенија за протерување од државата, информираат од МВР.свс/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан