Дебата на НКЕУ-МК: Секое намалување на квалитетот на кадрите во правосудството ќе ја разнишува неговата доверба
- Воспоставување систем на независно, непристрасно и ефикасно судство е еден од главните предуслови за враќањето на довербата на граѓаните во судството која во моментот е на многу ниско ниво. Т

Скопје, 4 мај 2022 (МИА) - Воспоставување систем на независно, непристрасно и ефикасно судство е еден од главните предуслови за враќањето на довербата на граѓаните во судството која во моментот е на многу ниско ниво. Треба да се зајакне квалитетот на кадрите во правосудството, бидејќи ако нема квалитет ќе нема доверба и секое намалување на квалитетот ќе ја разнишува и ќе ја намалува довербата во правосудството. Еден од начините за враќање на довербата во правосудството е кога законот ќе се применува неселективно.
Ова беше истакнато на десеттата сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија на тема „Актуелните предизвици во македонското правосудство низ перспективата на препораките на Националната конвенција за ЕУ во Северна Македонија“, во организација на Европското движење, во рамки на Работната група 3 - Правосудство и основни права (Поглавје 23). На сесијата дебатираа македонски и словачки експерти, универзитетски професори, претставници на Врховниот суд, Основниот кривичен суд, Јавното обвинителство, Судскиот совет, адвокати и претставници на граѓанскиот сектор, кои ги отворија прашањата за тоа дали се подобрени капацитетите во правосудството од аспект на кадровскиот потенцијал, како и тоа за регрутирањето на судските и обвинителските кадри и дали се направи квалитативен исчекор во методологијата на оценување на квалитетот на работата на судиите и јавните обвинители во согласност со сложеноста на предметите. правосудството ќе ги реши проблемите на долгото траење на постапките? Министерот за правда Никола Тупанчевски истакна дека Северна Македонија е држава на апсурди. - Од една страна почитуваме европски стандарди, во однос на бројот на јавни обвинители и судии, којшто некаде дури е и надминат ако се земе предвид бројот на жители, на 100.000 жители предвиделе 20,5 судии. Според систематизација кај нас се предвидени 639 судски места, а моментално има 473 судии. Според последниот попис, каде што се регистрирани околу 1,8 милиони жители, во државава треба да има 394 судии, истакна тој. Но, како што истакна Тупанчевски, ако ја видите фактичката состојба во Основниот граѓански суд во Скопје, во однос на организацијата на работата, ќе видите дека од нова година голем дел од судиите заминуваат во пензија и практично ќе биде десеткуван Граѓанскиот суд. - Сето тоа ако се земе процентуално ќе значи и дека ќе се доведе во прашање функционалноста на Основниот граѓански суд. Меѓутоа ако ги земете и другите стандарди кои кореспондираат со овие бројки тоа значи дека податоците говорат дека ние јавен обвинител немаме во Делчево, во Свети Николе и во Крива Паланка. И тоа е помалку апсурдна ситуација. Обвинителства имаме, а обвинители немаме, посочи министерот. Тој потсети дека имаме регрутен центар каде се продуцираат кадри и во моментов имаме 59 нови питомци кои се подготвуваат со завршувањето на практичната настава да бидат дел од правосудниот систем, но прашање е, истакна Тупанчевски, дали оваа цифра би можела да биде оптимална во оптимизирањето во однос на судството и правосудството.
