• вторник, 24 декември 2024

Дебата во Куманово за утврдување приоритети за претстојниот повик за финансирање здруженија и граѓански организации

Дебата во Куманово за утврдување приоритети за претстојниот повик за финансирање здруженија и граѓански организации
Куманово, 20 октомври 2022 (МИА) - Здруженија на граѓани и невладини организации од Куманово учествуваа на јавна дебата за утврдување и прецизирање на приоритетите за претстојниот повик за финансирање граѓански организации и фондации преку регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2, проект кој е финансиран од ЕУ, а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), соопштија денеска надлежните. - Основна цел на проектот е јакнење на партнерството меѓу општинските власти и граѓанското општество преку транспарентно финансирање проекти на граѓански организации од општинските буџети за да се зголеми граѓанското учество и учество на младите во донесувањето одлуки и подобра испорака на услуги за граѓаните на Општина Куманово, изјави раководител на ЛЕР (локален економски развој), Донка Петровска. На ниво на општината има околу 200 регистрирани здруженија, невладини организации, но активни се близу 40-тина. ам/вј/

Остани поврзан