Дебар ќе го добие долгонајавуваниот музеј
- Долгонајавуван и ветуван од многумина, конечно почна да се реализира проектот за градски музеј во Дебар.
Дебар, 12 јуни 2022 (МИА) - Долгонајавуван и ветуван од многумина, конечно почна да се реализира проектот за градски музеј во Дебар.
- Во една просторија на стариот градски амам (бања), кој пред повеќе години беше реконструиран и пренаменет во галерија, денеска започнаа првите чекори во реализацијата на дамнешниот сон, дебрани да добијат историски и културен музеј, рече градоначалникот Хекуран Дука, при посетата на објектот.
Вети дека локалната власт ќе вложи максимални напори преку проекти од областа на културата да изгради "модерен музеј што го заслужува овој историски град".
- Ги повикуваме сите граѓани и бизнисмени иницијативата да биде од нас самите и таа потоа да прерасне и да се развие во вистинска културна институција. Оние кои имаат разни артефакти за кои сметаат дека вреди да се изложат можат да дојдат во општината во единицата за општествени дејности. Добредојдени се и за предлози и идеи, посочи Дука.
Поранешниот амам се наоѓа во строгиот центар на градот а откако беше пренаменет во градска галерија редовно се одржуваат ликовни изложби и колонии. вт/бк/