• вторник, 24 декември 2024

Дебарските волонтери на Црвениот крст за време на полицискиот час беа во служба на граѓаните

Дебарските волонтери на Црвениот крст за време на полицискиот час беа во служба на граѓаните
Дебар, 7 јуни 2020 (МИА) - Волонтерите на дебарската организација на Црвен Крст и понатаму неуморно се во служба на граѓаните кои имаат потреба од набавка на неопходни намирници и лекови за време на полицискиот час. -Од четвртокот попладне и во деновиве од викендот, се до денес во 18 часот нашите волонтери услужија повеќе од десет лица кои се јавија на нашиот телефон 071-223-990. Нарачките се како за основни прехрамбени артикли така и за лекови, изјави за МИА, Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст. Додадава дека тоа е врз основа на донесената одлука, од страна на општинскиот Оперативен штаб, уште од прогласувањето на кризната сосотојба во оваа општина. -По прогласувањето на кризна состојба, поради Ковид-19, на 13 март, волонтерите извршија околу 250 услуги на повозрасни и изнемоштени лица, како во градот така во селата, главно Долно Косоврасти, Гари, Осој, Долно Мелничани и Тресонче. Нашите волонтери ја преземаат нарачката, одат да ги набават потребните нешта и ги доставуваат до домот на граѓанинот, а плаќењето се врши на рака, врз основа на фискалната сметка, дообјаснува Телќиу. Во периодов на пандемија со Ковид-19 волонтерите беа активно вклучени и во распределбата на хуманитарна помош, која во градот пристигна освен од Републичкиот црвен крст, други хуманитарни организации, како и поедници-нашинци кои живеат во САД и западно европските земји. вт/бк/

Остани поврзан