• среда, 25 декември 2024

Дебарската каратистка Ера Коџа се избори за учество на европското првенство во Финска

Дебарската каратистка Ера Коџа се избори за учество на европското првенство во Финска
Дебар, 21 јуни 2021 (МИА) - Членовите на карате клубот „Уранику“ од Дебар постигнаа голем успех на државното првенство во карате за кадети, јуниори и каратисти до 21 година, што се одржа во неделата во Скопје, информираше на средба со новинарите, тренерот Дурим Пачуку. - Горд сум на постигнатиот успех. Посебно на освоеното прво место на Ера Коџа во кумите кадетска конкуренција со што се избори за учество на европското првенство што ќе се одржи во Финска од 20 до 22 август. Прво место освои и женската екипа во состав Вениса Думани, Гента Села Сара Дука и Ера Коџа, рече Пачуку. Додаде дека на државното првенство кое имаше квалификациски карактер со сребрен медал се закити освои Сара Дука, додека со бронзен медали се Гента Села, Азиз Рамадани, Елдар Лузнаку. - Посебна благодарност сакам да упатам до градоначалникот Хекуран Дука, за целосната финансиска и морална поддршка што и овој пат ни ја даде. Без таа поддршка се подразбира дека не можеме да стигнеме на сите натпреварувања, посочи Пачуку. Ова е последователен голем успех на дебарските каратисти. Неодамна тие со освоени повеќе медали се вратија и од меѓународните турнири што се одржаа во Приштина и Гњилане, Косово. вт/зс/

Остани поврзан