• понеделник, 23 декември 2024

Двоен триумф на Јанев на „Црна река опен“

Двоен триумф на Јанев на „Црна река опен“

Кавадарци, 17 јуни 2024 (МИА) - Младиот македонски тенисер Кристијан Јанев со двоен триумф го заврши настапот на турнирот за тенисери до 16 години „Црна река Опен“. 

Тој откако претходната недела беше финалист на турнир во Скопје, во Кавадарци оствари двоен триумф со победа во двете конкуренции (сингл и двојки). 

Успехот има уште поголема тежина, ако се знае дека во сите сингл меча постигна четири победи против носители на турнирот, од кои тројца беа со подобар ранг од него и сите мечеви ги доби со 2:0 во сетови.

Јанев, кој беше рангиран како петти носител во финалето го совлада првиот носител Максимилијан Стопа од Германија со 2:0 во сетови (6:1 и 6:1). Во полуфиналниот меч беше подобар од четвртиот носител Милош Сретеновиќ од Србија со 2:0 во сетови (6:3 и 7:6(5)) и имаше повеќе неизвесност, додека во четвртфиналето беше поуспешен од вториот носител Кристијан Стефанов од Бугарија со 2:0 во сетови (6:0 и 7:5). Во третото коло го победи Апостолис Цимикас од Грција 2:0 во сетови (6:0 и 7:5), а во второто коло беше поуспешен од Кристијан Руди Сеп од Естонија со 2:0 во сетови (6:1 и 6:2). Во првата рунда беше слободен.

Во конкуренција на двојки во финалето со Максимилијан Стопа како втори носители со пресврт стигнаа до победата над првите носители Димитриос Мелисоглу и Милиш Сретеновиќ – 2:1 во сетови (4:6, 6:0, 10:8 на поени). зс/

Остани поврзан