Движењето ЗНАМ ќе го достави текстот на Националната платформа до ВМРО-ДПМНЕ
- Партиска делегација од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ќе го достави текстот на Националната платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 20 декември 2024 (МИА) - Партиска делегација од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ќе го достави текстот на Националната платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Во состав на делегацијата, како што информираат од Движењето ЗНАМ, ќе бидат генералниот секретар Горан Минчев, потпретседателката Весна Бендевска и потпретседателот генерал Павле Арсоски.
Претседателот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, на 16 декември на прес - конференција го обзнани текстот на Националната платформа, чија цел, како што рече е да ги обедини сите политички фактори за да се изгради државен став со кој ќе се обезбеди и гарантира достоинствен пат на Република Македонија за остварување на нашата стратешка цел – полноправното членство во Европската Унија. дма/вг/
Фото:МИА архива