Движењето Антикоцкање бара средба со властите и нивно учество во формирањето нов закон за игри на среќа
- Поголема транспарентност од Владата и да се вклучи Движењето Антикоцкање во донесувањето на нов закон за игри на среќа, порачаа денес од оваа граѓанска иницијатива на прес-конференција во Тетово. Тие констатирале дека се зголемува бројот на објектите на игри на среќа.

Тетово, 25 јули 2025 (МИА) – Поголема транспарентност од Владата и да се вклучи Движењето Антикоцкање во донесувањето на нов закон за игри на среќа, порачаа денес од оваа граѓанска иницијатива на прес-конференција во Тетово. Тие констатирале дека се зголемува бројот на објектите на игри на среќа.
- Иако разочарани и гневни од игнорирањето и непочитувањето што се покажува кон Движењето за средба со претставниците на владата, сепак, сметаме дека посилно ќе ја продолжиме битката до искоренување на ова зло. Им испративме покана за средба двапати, но до ден денес не добиваме одговор од нив. За жал, коцкањето беше актуелна тема само во кампања. Болката на граѓанинот беше злоупотребена. Понекогаш се реагираше со остри тонови и со емоции до степен што се дава бескрајни ветувања само за да се освојат повеќе гласови, соопшти Џемал Абдиу.
Движењето Антикоцкање бара од премиерот и лидерите на партиите што се дел од коалицијата „Вреди“ јавно појаснување за предизборните ветувања – што се случува сега и што се променило досега, до каде се со донесување на закон за игри на среќа во ниво на државата.
Ние од движењето Антикоцкање, иако не се занимаваме со политика, меѓутоа не значи дека не ги знаеме околностите и затоа ние можеме да ги разбереме некои ваши постапки, но не можеме да оправдаме се. Мислиме дека правилно ќе нè сфатите. Движењето Антикоцкање не носи закони, туку силно иницира и бара да се заштити граѓанинот и гласачот. Вие како Влада треба да донесете одлука за затворање на сите објекти на игри на среќа согласно барањата на Движењето Антикоцкање, како што постапија земјите од регионот, Република Албанија и Косово се до донесување на соодветен закон за нивно распоредување на начин со кој ќе се штити граѓанинот, рече Џемал Абдиу.ас/
фото МИА