• четврток, 19 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Две лица со тешки повреди, едно со полесни во сообраќајка кај Марена

Две лица со тешки повреди, едно со полесни во сообраќајка кај Марена

Кавадарци, 11 април 2025 (МИА) - Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а едно со полесни во сообраќајка што попладнево се случила на патот Кавадарци - Неготино, кај кавадаречкото село Марена.

Информацијата за МИА ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош во Кавадарци.

Доктор Паракеов рече дека според првичните информации до сообраќајната незгода дошло при судир на две патнички моторни возила, од нив, едно се движело по главната делница, а другото излегувало од спореден пат. 

Засега нема повеќе детали за сообраќајната несреќа.

Од СВР Велес потврдија за МИА дека има сообраќајка кај Марена помеѓу две патнички возила и оти увидот е во тек. свд/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан