• среда, 22 април 2026

Општина Струга најави учество на Меѓународниот саем за туризам во Косово

Општина Струга најави учество на Меѓународниот саем за туризам во Косово

Струга, 1 април 2026 (МИА) - Општина Струга на 17 и 18 април ќе учествува на Меѓународниот саем за туризам – KOSOVA 2026, кој ќе се одржи Приштина мол.

- Ги покануваме сите хотелиери, ресторани, туристички агенции, занаетчии и други туристички бизниси да соработуваат со нас, не само преку доставување промотивни материјали (брошури и туристички понуди), туку и со лично учество и присуство на саемот, соопшти денеска Општина Струга.

Општината, посочуваат дека обезбедила посебен штанд на кој ќе биде претставена туристичката понуда на Струга.

- Овој саем претставува одлична можност за промоција на туризмот во Струга, за зголемување на видливоста на вашите бизниси и за создавање нови професионални врски, стои во информацијата.

Промотивните материјали, наведуваат, треба да се достават во Одделението за туризам, најдоцна до 15 април. сс/дма/

Фото: постер

Остани поврзан