• среда, 27 ноември 2024

Две лица се спасени денеска, деветти ден од земјотресите во Турција

Две лица се спасени денеска, деветти ден од земјотресите во Турција

Анкара, 14 февруари 2023 (МИА) - Две лица се спасени денеска, деветти ден од земјотресите во Турција, откако поминале 198 часа под урнатините, јави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Двете лица беа извлечени од урнатините во областа Кахраманмараш, која беше епицентарот на разорните земјотреси со јачина од 7,7 и од 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари.

Еден од спасените е 17-годишно момче. Телевизијата Си-Ен-Ен-Турк прикажа снимка на која спасувачите носат две лица на носилки до амбулантни возила. 

Според последните податоци, во земјотресите во Турција и Сирија загинаа над 37 илјади луѓе. ссм/

 

Остани поврзан