• среда, 21 јануари 2026

Две карневалски групи од Струмица учествуваа на карневалот во Перник, Бугарија

Две карневалски групи од Струмица учествуваа на карневалот во Перник, Бугарија

Струмица, 20 јануари 2026 (МИА) - Со маските „Африка во Струмица“ на ОУ „Маршал Тито“ од Струмица и „Бунтот на жабјето кралство“ на ОУ „Свети Кирил и Методиј“ од село Дабиле, Струмичкиот карневал се претстави на на 60. јубилејно издание на Меѓународниот фестивал на маскарадни игри „Сурва“ во Перник, Република Бугарија, кој се одржа викендов, информираа од Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал.

- Со својата оригиналност, енергија и сценски настап, двете групи ги освоија симпатиите на многубројната публика и оставија силен впечаток на фестивалската сцена. Горди сме што карневалскиот дух на Струмица продолжува да се препознава и надвор од границите, носејќи ја нашата традиција, креативност и препознатливост на меѓународни манифестации - се наведува во информацијата.

Инаку, годинашниве карневалски празнувања во Струмица ќе се одржат од 18 до 25 февруари, а главната, Интернационална, карневалска вечер ќе се одржи н а 21 феверуари (сабота). рт/са/

Фото: Струмички карневал

Остани поврзан