• сабота, 16 ноември 2024

Две жени приведени во истрага за исчезнување Србин во Франција, кој најверојатно е убиен

Две жени приведени во истрага за исчезнување Србин во Франција, кој најверојатно е убиен

Париз, 25 јануари 2022 (МИА) - Две жени се приведени во истрагата за убиство, откако кон крајот на декември во Безансопн, во истична Франција, мистериозно исчезнал еден Србин, кој живеел во Германија и најверојатно бил убиен, јави дописникот на МИА.

Според блиските, кои го пријавиле неговото исчезнување на 26 декември, Србинот го напуштил својот дом во Германија на 22 декември за да купи возило во градот Франш-Комте, наведе на брифинг со новинарите обвинителот. Тој кај себе имал „сума пари“, додаде тој, без сепак да ја прецизира сумата.

Србинот патувал со сопствен автомобил, пронајден од полицијата во Безансон. Траги од крв на исчезнатиот се откриени „во значително количество“ во багажникот, што е „силна трага што сугерира „ намерно убиство“, оцени обвинителот, според кого истрагата и била доверена на Судската полиција од Безансон.

Против Србин, кој „неколку дена престојувал во Планоаз“ и „со кого жртвата контактирала за трансакцијата“, е издаден налог за апсење, продолжи обвинителот Етиен Манто, според кого осомничениот од 26 декември се наоѓа во бегство.

Од друга страна, двете жени, исто така со српско потекло, на возраст од 25 и 58 години, биле во контакт со бегалецот и „се осомничени дека го исчистиле станот“ во кој тој живеел, посочи обвинителот.

Едната жена денеска е обвинета за „измена на местото на злосторството“ и „непријавување кривично дело“, додека постарата е обвинета за „непријавување кривично дело“. Двете се притворени.

Според истрагата, „тие имаат и ги знаеле решавачките елементи за расчистување на настанот, но молчеле“, објасни обвинителот, според кого „има силна причина да се плаши“ дека исчезнатото лице е „мртво“.тг/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан