Двајца скопјани на прослави палеле факели и пиротехнички средства во селото Теово
- На прослави којашто вчеравечер се одржувала во село Теово, двајца скопјани го нарушиле јавниот ред и мир со тоа што палеле факели и пиротехничи средства.

Велес, 30 јули 2025 (МИА) - На прослави којашто вчеравечер се одржувала во село Теово, двајца скопјани го нарушиле јавниот ред и мир со тоа што палеле факели и пиротехничи средства.
Како што информира денеска Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес, синоќа во периодот од 20:00 до 22:00 часот во село Теово, Општина Чашка, за време на одржување на прослава,37 годишниот В.К. од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со палење на факели. Исто така, на 30 јули синоќа во 00.30 часот по полноќ и 37 годишниот А.М. од Скопје, го нарушил јавниот ред и мир со палење пиротехнички средства.
Од СВР Велес најавија дека по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.ад/