• петок, 27 декември 2024

Двајца новозаболени од Ковид-19 во Велес, еден оздравен

Двајца новозаболени од Ковид-19 во Велес, еден оздравен

Велес, 17 јуни 2020 (МИА) - Според информацијата од Центарот за јавно здравје, изминатото деноноќие во Велес се регистрирани двајца новозаболени од Ковид-19, соопшти градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Едното лице е од селото Горно Јаболчиште, а другото е од селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка. Со тоа бројката на заразени од Ковид-19 во Велес и велешко порасна на 156, од кои во моментов се активни 30 лица. Освен во овие две села, досега имаше заболени и од селото Бузалково и од Чашка.

Од нив 14 се на домашно лекување, а 13 на Инфективното одделение при велешката Општа болница. Двајцата се на Инфективната клиника во Скопје, а еден во ГОБ „8 Септември“.
 
Како што информира за МИА портпаролот на Општата болница во Велес, Весна Неделковска Николова, денеска од велешката болницата бил пуштен еден излекуван пациент, а примена била пациентката од селото Долно Јаболчиште која е прв пациент од ова село. Инаку од 13-те пацинти на Инфективното одделение при велешката Општа болница, еден пациент е ставен на кислородна поддршка.

Еден велешанец е во Државен карантин.ад/бт/

Остани поврзан