Двајца загинати во пукотница во ноќен клуб во Сан Антонио
- Полицијата во Сан Антонио синоќа се јави на повик од ноќен клуб во градот каде избила караница помеѓу посетители на барот по што едно лице извлекло пиштол и почнало да пука, изјавија од полиц

Вашингтон, 20 јануари 2020 (МИА) - Полицијата во Сан Антонио синоќа се јави на повик од ноќен клуб во градот каде избила караница помеѓу посетители на барот по што едно лице извлекло пиштол и почнало да пука, изјавија од полицијата на прес-конференција.
Вкупно седум луѓе биле погодени во пукотницата, од кои 21-годишен човек починал во клубот, додека второто лице им подлегнало на повредите подоцна во болница, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Од полицијата изјавија дека засега никој не е уапсен и работат на тоа да се идентификува кој го започнал пукањето.
Во клубот истата вечер се одржувал рап концерт. кб/