• петок, 05 декември 2025

Дванаесет повредени во судар на два автобуса кај Сплит

Дванаесет повредени во судар на два автобуса кај Сплит

Загреб, 25 мај 2025 (МИА) - Дванаесет лица се полесно повредени во судар меѓу два автобуса што се случила попладнево на автопатот А1 во близина на излезот Вучевица во близина на Сплит во Хрватска.

Според Индекс.хр, од 12-те пациенти кои се донесени во Клиничко-болничкиот центар во Сплит, тројца имаат скршеници и се задржани во болница на набљудување како мерка на претпазливост.

Сообраќајната несреќа во која учествувале два автобуса се случила на автопатот А1 во близина на излезот Вучевица во правец на Загреб.

На местото на несреќата веднаш биле испратени служби за итна медицинска помош, полиција и пожарникари.

Сите повредени лица се возрасни хрватски државјани кои се враќале од поклонение.са/

Фото: принтскрин Индекс.хр

Остани поврзан