Дванаесет виетнамски војници загинаа за време на вежба во експлозија предизвикана од гром
- Инцидентот се случил во понеделникот вечерта на вежбовен полигон во јужната виетнамската провинција Донг Наи додека војниците од 7-от воен округ тренирале за борбени операции при тешки временски услови и на тежок терен, се вели во соопштението.
Ханој, 5 декември 2024 (МИА) - Дванаесет виетнамски војници загинаа во експлозија за време на воена вежба, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение на Министерството за одбрана.
Инцидентот се случил во понеделникот вечерта на вежбовен полигон во јужната виетнамската провинција Донг Наи додека војниците од 7-от воен округ тренирале за борбени операции при тешки временски услови и на тежок терен, се вели во соопштението.
Министерството извести дека експлозијата се случила при транспортот на експлозивните направи поради пороен дожд и грмотевици.
Засега е утврдено дека причината е удар на гром кој удрил во електричен детонатор, при што експлозивот бил активиран. зш/