• четврток, 07 ноември 2024

Да се поттикнат малите компании на извоз и да се контролира како општините ги трошат парите, бара бизнисот

Да се поттикнат малите компании на извоз и да се контролира како општините ги трошат парите, бара бизнисот

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Да го смениме односот кон малите и средните петпријатија, да ги мотивираме да бидат извозно активни. Клучно за македонската економија е постојано инвестирање, отворање работни места и извоз, му порача бизнисот на премиерот Христијан Мицкоски. Како што беше речено денеска во Стопанската комора, на настан по повод 102 години од нејзиното постоење, први сме во носење закони, но со производи и производство не нема никаде. 

Фокусот, според стопанството, освен на ова, мора да биде ставен и на енергетиката, посебно на обновливите извори, на базната енергија и на батериите каде се неопходни поголеми инвестиции.

Компаниите на Мицкоски му рекоа и дека е многу важно Владата да го контролира трошењето на парите предвидени за општините. 

Премиерот, пак, напомена дека Владата останува партнер на бизнисот и, како што рече, ќе му помага колку може, во рамки на Уставот и законите. Мицкоски ги повика компаниите да се вклучат во реализацијата на капиталните инвестиции на локално ниво и да аплицираат за обезбедената финансиска поддршка, посебно на онаа од Унгарија која, информира, би требало да биде достапна од септември.

Мицкоски ги увери компаниите и дека многу внимателно ќе се следи трошењето на средствата кои ќе им бидат дадени на општините. Парите, објасни, нема да се префлраат веднаш, туку етапно, за што ќе биде потребно локалните самоуправи да доставуваат правна документација, односно соодветни фактури за секоја фаза од проектите.

Се осврна и на унгарскиот заем од кој 250 милиони евра се наменети за стопанството. Информира дека на вчерашната седница Владата ја задолжила министерката за финансии во најскроо време со нејзиниот унгарски колега да го потпише Договорот кој потоа, преку закон, ќе се најде во Собранието. Со бизнисот, подвлече премиерот, ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра. Компаниите, рече, нема да добијат само 250 милиони евра, туку на располагање е и кредитна линија која долго време не се користи, а тоа се дополнителни 100 милиони евра од Европската инвестициска банка. Се разгледува можноста, информира премиерот, Владата да ја плати каматата, за да може бизнисот да ја користи главнината. Мицкоски очекува и фирмите да вложат, барем уште 350 милиони евра, колку што е вкупната помош за нив што ќе влијае на бруто домашниот производ и на пазарот на труд, а ќе отвори и нови работни места.

-Право имаме и според закони сме можеби најбогата држава, за извозно активна во регионот со луѓе имаме прво место, а со производи и производство не нема никаде. Извозно ориентираните мали и средни прептијаија треба да бидат главниот фокус или кичмата на нашата економија. Големите фирми во мала економија ако не се извозно ориентирани, ако ги нема во регионот и на светскиот пазар, значи нешто не е добро, да бидеш голем во мала економија само во својата држава, нешто не е здраво. Мора да го смениме односот кон малите и средните петпријатија, да ги мотивираме да бидат извозкно активни, истакна Петар Спасески, сопственик и менаџер на „АСП-пак“ од Охрид.

Уште еден парадокс, рече Спасески, е тоа што земјава троши 200 милиони евра само за извоз на земјоделски производи и храна, а увезува една милијарда.

-Како ќе се прехраниме, како ќе опстоиме како држава?, праша Спасески. 

Сопственикот и менаџер на „ИГМ“ - Кавадарци, Илија Гечев, укажа дека бизнисот сака, во соработка со Владата, да ја реализира најголемата инвестиција, нешто што, како што рече, не успеа со претходната власт.  

-Не сакаме да играме во шеста лига, сакаме во прва. Со оваа Влада сакаме да ја направиме најголемата инвестиција, со претходната тоа не успеавме да го сториме. Потенцијал имаме, нагласи Гечев.

Мицкоски пред бизнисмените вети дека еден од владините приоритети ќе бидат транспарентноста и отчестноста. 

-На посебна веб страница граѓаните ќе може да ја следат реализацијата на проектите, на дневна и месечна основа, која е фирмата изведувач, која е општината корисник, која е намената на проектот. Проектите во делот на енергетиката што ги зацртавме се одглавени и почнаа полека да се реализираат. Секој што има каков било проблем за енергетските проекти, дали некој е митаџија од институциите, дали некој уценува, се заканува, ве молам да пријавите. Го имате мојот телефон, нашите телефони се транспарентнен податок, нагласи Мицкоски.

Тој, како и Гечев и Спасески се добитници на наградите од Стопанската комора за 2023 година. Мицкоски е награден за градење партнерство, засилување на врската и заедничко дејствување за просперитетна Македонија, додека Гечев и Спасески за долгогодишна коморска активност. ЕВН доби награда за вовеудвање напредни технологии, дигитализација и зелена агенда, а награда како Мицкоски, за градење партнерство, засилување на врската и заедничко дејствување за просперитетна Македонија и беше врачена и на УСАИД. мч/дма/

фото: МИА и Влада на РСМ

 

 

 

Остани поврзан