• понеделник, 30 декември 2024

Гутереш: Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах е „прва трошка надеж“ во конфликтот

Гутереш: Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах е „прва трошка надеж“ во конфликтот

Лисабон, 27 ноември 2024 (МИА) – Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска изјави дека прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах претставува, како што наведе, „првата трошка надеж“ во регионалниот конфликт по неколкумесечна ескалација.

Гутереш на прес-конференција во Лисабон по разговорите со португалскиот премиер Луис Монтенегро рече дека исто така е неопходно Израел и Хезболах да бидат целосно посветени на почитување на прекинот на огнот.

Генералниот секретар на ОН повика и на итен прекин на огнот во Појасот Газа.

Примирјето меѓу Израел и Хезболах стапи во сила утринава во 4 часот по локално време, со што завршија речиси 14-месечните борби кои започнаа откако палестинската милитантна група Хамас изврши терористички напад во јужниот дел на Израел во октомври минатата година. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан