• понеделник, 30 декември 2024

Гутереш го критикуваше недостигот на контрола на социјалните мрежи и вештачката интелигенција

Гутереш го критикуваше недостигот на контрола на социјалните мрежи и вештачката интелигенција

Лисабон, 26 ноември 2024 (МИА) - Недостигот на контрола врз социјалните мрежи и вештачката интелигенција создава големи можности за најлошите импулси на човештвото, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на состанокот посветен на „дијалогот на цивилизациите“.

„Дигиталните платформи и неконтролираната вештачка интелигенција дозволија јазикот на омразата да се развива со невидена брзина и опсег. На најлошите импулси на човештвото им беше даден мегафон и тие често водат до насилство“, рече Гутереш на отворањето на Десеттиот светски форум на Алијансата на цивилизациите на ОН, кој се одржува во португалскиот град Кашкаиш, недалеку од Лисабон.

„Мораме да спречиме ширење на говор на омраза и дезинформации на интернет“, повика генералниот секретар, истакнувајќи дека тоа е „стара тактика во нова средина“.

Гутереш го повтори својот повик за мир во Украина, Газа, Либан и Судан.

Алијансата на цивилизациите има за цел да промовира дијалог и соработка помеѓу различни заедници, култури и религии. На неговиот десетти светски форум, кој ќе продолжи до утре, учествуваат политичари и верски лидери од различни земји. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан