• понеделник, 23 декември 2024

Грчко МНР: Грција го поздравува падот на режимот на Асад во Сирија

Грчко МНР: Грција го поздравува падот на режимот на Асад во Сирија

Атина, 9 декември 2024 (МИА) – Грција го поздравува падот на авторитарниот режим на Асад во Сирија, соопштија од грчкото МНР и додадоа дека потребно е веднаш да се обезбеди мирот во земјата и „непречено пренесување на власта кон демократски легитимирана Влада, заснована на резолуцијата 2254 на Советот за безбедност“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за надворешни работи на Грција посочија дека го поддржуваат „единството, територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија“, нагласувајќи дека треба да постои заштита на сите цивили, вклучително и верските малцинства, како и верските споменици и богатото културно наследство, но и да е стави крај на бегалските бранови.

- Грција, од позицијата членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, како и со силните врски што ги има во арапскиот свет, ќе придонесе за што е можно поскоро враќање на мирот и просперитетот во Сирија, соопштија од грчкото МНР. ср/

Остани поврзан