• понеделник, 23 декември 2024

Грчкиот Парламент со широко мнозинство го ратификуваше Договорот за одбранбена соработка со Франција

Грчкиот Парламент со широко мнозинство го ратификуваше Договорот за одбранбена соработка со Франција
Атина, 7 октомври 2021 (МИА) – Со широко мнозинство и 191 глас „за“, грчкиот Парламент вечерва го ратификуваше Договорот за воспоставување стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка меѓу Франција и Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Договорот го поддржаа пратениците од владејачката Нова демократија и од опозициските Движење на промена и Грчко решение. Против беа 109 пратеници од СИРИЗА, Комунистичката партија и МЕРА25. Договорот за стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка, што пред десетина дена беше потпишан во Париз, меѓу другото ја вклучува и намерата на Грција за набавка на три модерни француски фрегати „Belharra“. ср/сд/

Остани поврзан