• вторник, 24 декември 2024

Грчката претседателка и папата телефински разговарале за Света Софија

Грчката претседателка и папата телефински разговарале за Света Софија
Атина, 20 јули 2020 (МИА) - Одлуката на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган истанбулската црква-музеј Света Софија да ја претвори во џамија била главната тема на телефонскиот разговор меѓу грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и папата Франциск, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштуваат од кабинетот на Сакеларопулу, во разговорот, грчката претседателка истакнала дека не станува збор за внатрешно турско,  туку пошироко прашање, „категорично осудено од меѓународната заедница“, рекла дека со оваа постапка ја оддалечува Турција од „принципите на толеранција и плурализам“ и му се заблагодарила на папата за неговите активности за конкретната тема. Поглаварот на Римокатоличката црква, од своја страна се согласил со она што го нагласила грчката претседателка, препознал дека одлуката на Ердоган има политички критериуми и ветил дека во рамките на неговите можности, ќе продолжи со напорите за промена на одлуката. Исто така, ги пофалил напорите на Грција во приемот на бегалците и имигрантите. Сакеларопулу во телефонскиот разговор, ја повторила поканата, папата да ја посети Грција во 2021 кога ќе се одбележат 200 години од грчкото востание, а поглаварот на Римокатоличката црква ја прифатил поканата изразувајќи надеж дека условите ќе дозволат остварување на патувањето.ср/сд/

Остани поврзан