• сабота, 23 ноември 2024

Грчката полиција уапси маж кој имал над 2,5 милиони фајлови со детска порнографија

Грчката полиција уапси маж кој имал над 2,5 милиони фајлови со детска порнографија
Атина, 10 јуни 2022 (МИА) – Во северна Грција е уапсен маж кај кого биле откриени најмалку 2,5 милиони слики и видеа со детска порнографија, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека Секторот за борба со сајбер криминал добил информации преку Европол по операцијата на „Darknet“ спроведена од француските власти на почетокот на минатата година, по што произлегло дека и во Грција има електронски траги на корисник на интернет, кој поседувал и споделувал фајлови со детска порнографија, преку различни веб страници. Било известено Обвинителството во Атина и спроведена прелиминарна истрага, по што бил откриен и идентитетот на уапсениот кој е од северна Грција. Полицијата направила претрес во домот и пронашла и одзела четири хард дискови со вкупен капацитет од 15 терабајти. -Од истрагата на лице место на горенаведените дискови, полицијата откри дека содржат најмалку 2,5 милиони слики и видеа со содржина на детска порнографија, со големина од околу 3,5 терабајти, соопштија од грчката полиција. ср/

Остани поврзан