• вторник, 30 јули 2024

Грчката здравствена организација почнува со вакцинирање на над 7.000 деца во бегалските кампови

Грчката здравствена организација почнува со вакцинирање на над 7.000 деца во бегалските кампови
Атина, 24 јули 2020 (МИА) - Од прифатниот центар Мориа на грчкиот остров Лезбос, Националната организација за јавно здравје на Грција започнува со вакцинирање за мали сипаници, заушки и рубеола на над 7.000 деца сместени во бегалските кампови во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Масовното вакцинирање ќе се спроведе во 17 кампови и прифатни центри, а започнува со 3000 вакцини во Мориа и продолжува на островите Самос и Лерос. Дополнително ќе се вакцинираат и над 4.000 деца во останатите кампови во цела Грција. ср/

Остани поврзан