• сабота, 27 јули 2024

Грција подготвена да му помогне на Египет за заглавениот брод во Суецкиот Канал

Грција подготвена да му помогне на Египет за заглавениот брод во Суецкиот Канал
Атина, 28 март 2021 (МИА) – Грција е целосно подготвена да ѝ понуди секаква можна помош на пријателската земја Египет за одново воспоставување на пловидбата, како во однос на извлекувањето на бродот „Ever Given “,така и за работите поврзани со ископување, пишува во заедничкото соопштение на Министерствата за надворешни работи и поморство на Грција, во врска со заглавениот брод во Суецкиот канал, јави дописничката на МИА од Атина. Од двете министерства велат дека Грција, како поморска земја со најголема трговска флота во светот,„придава особено значење на вредноста на слободна и непречена пловидба на светско ниво и затоа веднаш се мобилизираше“. Додаваат дека внимателно го следат развојот на настаните и изразуваат надеж дека набргу Суецкиот канал „повторно ќе биде достапен за меѓународна пловидба“. ср/

Остани поврзан