• среда, 25 декември 2024

Грција задоволна од договорот за европскиот дигитален Ковид сертификат

Грција задоволна од договорот за европскиот дигитален Ковид сертификат
Атина, 21 мај 2021 (МИА) – Исклучително позитивна разврска, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го карактеризираше договорот меѓу Европскиот парламент и Европскиот совет за дигиталниот Ковид сертификат, јави дописничката на МИА од Атина. -Привремениот договор за ЕУ- дигитален Ковид-19 сертификат е исклучително позитивна разврска. Грција е силен поборник од самиот почеток, бидејќи тоа ќе ја олесни слободата на движење во рамките на ЕУ и ќе придонесе во напорите за економско закрепнување, напиша Мицотакис на Твитер. Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис, исто така, преку Твитер, коментираше дека зелениот дигитален сертификат го отвора патот за безбедни патувања во ЕУ во текот на летото. -Се спроведува во пракса иницијативата на премиерот на Грција за воспоставување европски сертификат за вакцинација, напиша Варвициотис. Кон средината на јануари, преку допис до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, но и до шефовите на државите на Унијата, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис предложи усвојување на стандардизиран сертификат за вакцинација за слободно движење на граѓаните кои веќе се вакцинирани. ср/сд/

Остани поврзан