• среда, 25 декември 2024

Грковска - Агелер: Продолжува партнерството со САД за обезбедување поефикасен пристап во антикорупциските политики 

Грковска - Агелер: Продолжува партнерството со САД за обезбедување поефикасен пристап во антикорупциските политики 
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Потребата за промена на пристапот во однос на антикорупциските политики со цел да се постигнат подобри резултати, беше една од главните тема на денешната средба на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска со новоименуваната амбасадорка на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер. Како што соопшти владината Прес-служба, Грковска и посака топло добредојде на амбасадорката Агелер и изрази уверување дека со оглед на нејзиното искуство и одлучност, таа ќе придонесе кон понатамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, зајакнување на соработката, но и поефикасен пристап во борбата против корупцијата. Вицепремиерката се заблагодари за континуираната американска помош, како во однос на нашиот евроинтеграциски пат, така и во однос на јакнење на капацитетите во сите области, што е предуслов за силно демократско општество. Агелер, од своја страна, ги поздрави напорите што вицепремиерката Грковска и нејзиниот кабинет ги преземаат во делот на зајакнување на транспарентноста на институциите, како клучна алатка во борбата против корупцијата. - На состанокот се разговараше и за поддршката што САД ја обезбедува на Северна Македонија во делот на процесот за дигитална трансформација на општеството, што беше оценето како клучен процес за зајакнување на капацитетите, одговорноста и професионалноста на институциите, се додава во соопштението. сп/

Остани поврзан