• сабота, 23 ноември 2024

Град Скопје: Советниците на Мицкоски во Советот на Град Скопје гласаа против одлуката за набавка на еколошки автобуси

Град Скопје: Советниците на Мицкоски во Советот на Град Скопје гласаа против одлуката за набавка на еколошки автобуси

Скопје, 31 јануари 2024 

Советниците на Мицкоски продолжуваат со блокадата на проектите кои се од интерес на граѓаните во Советот на Град Скопје. Денес советниците на Христијан Мицкоски во Советот на Град Скопје гласаа против одлуката за набавка на модерни и нови еколошки автобуси.

Веројатно додека траеше седницата тие добија некоја нова порака со насока како да ги „зезнат“ граѓаните. Поради лични хирови на нивниот претседател, советниците казнуваат половина милиони жители на градот Скопје. 

Се работи за срамна одлука на советниците на ДПМНЕ која доаѓа по директна партиска директива од раководството на партијата. Советниците на Мицкоски уште еднаш покажаа дека партиските и личните интереси ги ставаат пред интересите на граѓаните.

Градската администрација нема да се откаже од модернизирањето на возниот парк на ЈСП Скопје затоа што тоа е приоритет кој произлегува од програмата која победи на изборите, програмата „За модерно Скопје“. Работиме на сериозни решенија на надминување на оваа блокада со цел остварување на јавниот интерес, интересот на Скопјани.


Одделение за односи со јавност
Град Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан