• петок, 26 јули 2024

Градоначалникот Стефковски засади дрвца со ученици од различни етнички заедници

Градоначалникот Стефковски засади дрвца со ученици од различни етнички заедници
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - По повод Светскиот ден на мирот, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со ученици од повеќе основни училишта од различни етнички заедници денеска засадија нови садници во дворот на општината.
- Го одбележавме Светскиот ден на мирот. Заедно со ученици од општинските основни училишта „Григор Прличев“ и „25 Мај“ кои се од различни етнички заедници го одбележавме Светскиот ден на мирот со засадување на садници во дворот на општината. На дечињата им порачав дека мирот го движи светот напред, а нашата етничка различност треба да претставува предизвик за другарување и градење на пријателство, напиша градоначалникот Стефковски на Фејсбук.
Тој посочи дека оваа активност е во рамки на Акцискиот план изготвен согласно заклучоците од вчерашната седница на Советот за превенција. мд/са/

Остани поврзан