Градоначалникот на Штип во работна посета на збратимениот град Сплит
- Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска е во еднодневна посета на Сплит, каде што оствари средба со неговиот колега градоначалникот Ивица Пуљак.

Штип, 12 септември 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска е во еднодневна посета на Сплит, каде што оствари средба со неговиот колега градоначалникот Ивица Пуљак.
Во соопштението од кабинетот на штипскиот градоначалник се посочува дека соработката меѓу збратимените Сплит и Штип во иднина ќе продолжи во областа на образованието, културата и економијата, се со цел ширење на пријателството и продлабочување на соработката помеѓу овие два града.
Општините Сплит и Штип договор за збратимување имаат потпишано во 1980 година. вдј/