• сабота, 23 ноември 2024

Градоначалникот на Неготино учествуваше на манифестацијата „Винатлон“ и конференцијата „Вински туризам“ во Хрватска

Градоначалникот на Неготино учествуваше на манифестацијата „Винатлон“ и конференцијата „Вински туризам“ во Хрватска

Неготино, 26 јуни 2023 (МИА) - Градоначалникот на Неготино Горан Стојанов учествуваше на манифестацијата „Винатлон“ и конференцијата „Вински туризам“ во Република Хрватска.

- Таму бев на покана на организаторот на настанот, општина Кнежеви виногради, присуствував и зедов активно учество на манифестацијата и на конференцијата „Вински туризам-локален пристап и европски перспективи“. Во име на општината Неготино како винарска дестинација и географски простор на кој се застапени огромни површини со лозови насади, винарии, енолошка индустрија, туристички и гастрономски ресурси, како и други субјекти поврзани со винарскиот сектор, заедно со останатите учесници на настанот ја потпишав Повелбата „Интер витис“ за соработка, развој и промоција на одржливиот вински туризам, појасни денеска Стојанов. 

Тој нагласи дека општите цели на потпишаната повелба се промоција на винската култура, традиција и историја на винските дестинации и промовирање на винскиот туризам како важен сегмент на туристичката индустрија, едукација на потенцијалните посетители за процесот на производство на вино, унапредување на винската инфраструктура и квалитетите на производите од вино, зголемување на бројот на посетители и промоција на винските дестинации преку заеднички маркетингшки активности. 

- За потребите од сеопфатна координација меѓу партнерите во проектот, беше основан и Координативен одбор составен од претставници на винските дестинации потписници на Повелбата, додаде Стојанов. свд/дма/


Фото: Градоначалник Горан Стојанов 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан