Градоначалникот на Гостивар изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Кочани
- Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата што се случи во Кочан, а на повредените им посака брзо оздравување.

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата што се случи во Кочан, а на повредените им посака брзо оздравување.
- Трагедијата во Кочани ги потресе срцата на сите нас. Сочувство до семејствата на жртвите! Нека Бог им ја олесни болката што ја чувствуваат! Брзо и целосно закрепнување за повредените!, напиша Лимани на својот профил на Фејсбук. бак/
Фото: МИА архива