• петок, 06 март 2026

Градоначалникот Митовски им го честиташе 8 Март на највозрасните паланчанки

Градоначалникот Митовски им го честиташе 8 Март на највозрасните паланчанки

Крива Паланка, 6 март 2026 (МИА) – Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, традиционално, во пресрет на Меѓународниот ден на жената 8 Март, им укажа внимание на највозрасните дами од општината, пензионерките, членки на Здружението на пензионери од општината.

Митовски им подари цвеќа во знак на внимание, укажувајќи им почит и упатувајќи им искрена благодарност за нивниот, како што рече, неизмерен придонес, мудрост и за трајните вредности што ги вградиле во општеството.

-По повод претстојниот празник, 8 Март, имав чест да се сретнам со пензионерките од Здружението на пензионери на Општина Крива Паланка. Секој разговор со нив е потсетник колку мудрост, сила и достоинство носат во себе. Со нивната љубов и пожртвуваност изградиле семејства, вредности и традиции што нè обликуваат како заедница. Дамите од општеството се темелот врз кој се издигнува нашата заедница, тие се жив извор на спомените и обичаите што се пренесуваат од генерација на генерација. Со мало внимание и голема почит, им изразив благодарност за посветеноста и неизмерниот придонес кон заедницата, порача Митовски.

Тој им посака добро здравје, многу грижа, љубов и топлина секој ден, со желба секогаш да бидат опкружени со  внимание и љубов од најблиските.ид/вј/

Фото: Општина Крива Паланка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан