• вторник, 24 декември 2024

Гостиварка го пријавила сопругот за физички напад

Гостиварка  го пријавила сопругот за физички напад

Скопје, 8 октомври 2023 (МИА) - Дваесет и девет годишна жена од Гостивар го пријавила сопругот за физички напад, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што се појаснува во соопштението, рано изутринава во два часот во Полициска станица Гостивар, пријавено е дека околу 20.30 часот во градот, гостиварката била физички нападната од нејзиниот сопруг со иницијали С.Ш.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан