• среда, 27 ноември 2024

Горица го отпушти Ангеловски

Горица го отпушти Ангеловски
Велика Горица, 5 ноември 2022 (МИА) - Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски повеќе не е шеф на стручниот штаб на Горица. Претседателот на клубот Ненад Чрнко го разреши Ангеловски од функцијата тренер и спортски директор на Горица. Одлуката за прекин на соработката е донесена по вчерашниот пораз во 16. коло на хрватскиот шампионат против Истра. - Сакаме да му се заблагодариме на досегашниот тренер за соработката во неполни три месеци кои ги помина на клупата на Горица, стои во соопштението на Горица. Клубот до понеделник ќе ја информира јавноста за назначувањето на нов тренер. Ангеловски ја предводеше Горица десет натпревари и не успеа да забележи ниту една победа. Хрватскиот клуб под негово водство забележа само два нерешени резултата и осум порази. зс/

Остани поврзан