Гомез потпишаа долгорочен договор со Ливерпул
- Одбранбениот фудбалер Џо Гомез ќе продолжи да игра за Ливерпул. Клубот најави потпишување на долгорочен договор со англискиот репрезентативец.
![Гомез потпишаа долгорочен договор со Ливерпул](https://mia.mk/index.php/images/20221113174233_big_730x400_23.webp )
Ливерпул, 7 јули 2022 (МИА) – Одбранбениот фудбалер Џо Гомез ќе продолжи да игра за Ливерпул. Клубот најави потпишување на долгорочен договор со англискиот репрезентативец.
- Во моментов ова е еден од најдобрите клубови во светот, ако не и најдобар. Ми беше многу лесно да донесам одлука да останам овде. Сè уште се чувствувам како млад играч, мојот зеннит не е достигнат. Тоа сигурно може да се каже, изјави Гомез.
Тој настапува за Ливерпул од 2015 година кога дојде од Чарлтон.
Во сезоната 2021/22, Гомез одигра осум натпревари за „црвените“ од Енфилд и забележа една асистенција. зс/