Голманот на Барселона Гарсија ќе биде надвор од терените неколку недели
- Голманот на Барселона, Жоан Гарсија, се повреди во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите синоќа против Њукасл, објави „АС“.
Барселона, 19 март 2026 (МИА) - Голманот на Барселона, Жоан Гарсија, се повреди во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите синоќа против Њукасл, објави „АС“.
Натпреварот заврши 7:2 во корист на Каталонците. Гарсија го напушти теренот во 82. минута поради проблем со ногата. Според шпанскиот весник, на 24-годишниот голман му е дијагностицирана скинат мускул на левата нога. Тој би можел да биде надвор од игра неколку недели.
Барселона го победи Њукасл со вкупен резултат 8:3 и и се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Во сезоната 2025/26, Гарсија одигра 35 натпревари за каталонскиот тим во сите натпреварувања, прими 35 гола и 14 пати не прими гол.
Следен ривал на Барселона во Лигата на шампионите ќе биде Атлетико Мадрид. зс/
Фото: ЕПА