• четврток, 26 декември 2024

„Голем формат“ – изложба на ДЛУМ во Домот на Армијата

„Голем формат“ – изложба на ДЛУМ во Домот на Армијата
Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) - Во Домот на Армијата вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Голем формат“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Изложбата ќе ја отворат претседателката на ДЛУМ Јана Манева Чупоска и претседателот на Уметничкиот совет на ДЛУМ Дијана Томиќ Радевска. - Важноста на едно дело не ја сочинува единствено важноста на големината и на димензијата, но можноста за изразување во големи формати нуди различен уметнички пристап, уметникот ја бара свежината на идејата и секако внимателно треба да се посвети на реализацијата, наведуваат од ДЛУМ во најавата за изложбата. Селектирани се 25 уметници и нивниот различен пристап кон техниките сликарство, скулптура, цртеж, колаж, експериментални техники и графика. На изложбата учествуваат Ана Ивановска, Ана Трајковска, Ангелца Стоиљковиќ, Ацо Таневски, Давор Ќешќец, Душан Георгиевски, Златко Глигоров, Зулејха Али, Ивона Велковска, Ирена Паскали, Јасмина Новковска, Љубица Мешкова Солак, Марија Светиева, Мирослава Трујкановиќ, Мице Јанкуловски, Нела Јанковска, Никола Пијанманов, Перо Кованцалиев, Слободан Живковски, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Стефан Хаџи Николов, Тања Таневска, Татјана Манева и Урош Вељковиќ. Наградата за најдобро дело во голем формат годинава ќе му биде доделена на авторот Слободан Живковски за делото „Демократски тоталитаризам“. Изложбата „Голем формат“ ќе трае до 25 октомври. са/мд/

Остани поврзан