• среда, 25 декември 2024

Голем интерес во Тетово за субвенции за инвертер клима уреди

Голем интерес во Тетово за субвенции за инвертер клима уреди

Тетово, 15 јануари 2021 (МИА) - Голем интерес и турканици утринава има пред архивата на Општина Тетово каде граѓаните поднесуваат документи за добивање субвенција за набавка на инвертер-клима уред. Метежот пред канцеларијата беше проследен и со вербални расправии и турканици меѓу граѓаните околу тоа кој прво да дојде на ред за поднесување на документација.

Приемот на документите и добивањето на субвенција е по правилото „прв дојден, прв услужен“, а на овој втор јавен повик според буџетот има средства за субвенционирање на 89 домаќинства.

-Само едно лице по  домаќинство  (станбен објект) може да поднесе едно барање за добивање надоместок при што барањето може да опфаќа еден или повеќе уреди но барателот мора да ги исполни условите од јавен повик за сите уреди, да предаде онолку печки колку што ќе набави уреди и надоместокот на трошоците направени при набавка на сите уреди нема да надмине повеќе од 62.000,00 денари,  со вклучен  и пресметан  персонален данок на доход по домаќинство кој се исплаќа преку  Општина Тетово, се наведува во јавниот повик. Ова е втор повик на општината, откако по првиот на 11 август 2020 година, останаа средства кои може да се доделат за набавка на инвертер клима уреди, како дел од владините мерки за унапредување на животната средина. ас/бак/

Остани поврзан